Дерик Луис е рекордер на УФЦ по бројот на победи со нокаут, ноќта меѓу саботата и неделата во Сент Луис тој го подобри сопствениот рекорд во октагонот.
„Црниот ѕвер “ го запре Родриго Насименто од Бразил со технички нокаут во третата рунда во главната борба на настанот „УФЦ Фајт Најт“.
И не само што го нокаутира Насименто, тој потоа ги соблече шорцевите и го разлади својот ривал додека тој беше на подот обидувајќи се да стане, а потоа на публиката го покажа задникот.
DERRICK LEWIS TOOK OFF HIS SHORTS AFTER THE KO 🤣 #UFCSTLOUIS pic.twitter.com/btLgiDk2ap
— ESPN MMA (@espnmma) May 12, 2024
„Ти благодарам Сент Луис што ми дозволи да ти го покажам мојот гол задник“, рече контроверзниот Дерик Луис со карактеристично сериозен израз додека даваше прилично бизарни изјава.
Десната рака повторно ја реши борбата во корист на Луис. Тоа беше рекорден 15. нокаут за Луис на промоцијата на УФЦ. Има 39 години, 28-12 во ММА кариерата и како што стојат работите не планира да запре.
BRO MOONED THE CROWD LMAOOO
DERRICK LEWIS IS ONE OF ONE #UFCStLouis pic.twitter.com/Lugyxgdzut
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) May 12, 2024