Поранешниот тренер на Рома, Лучано Спалети, вели дека прво планира да ја прочита автобиографијата на Франческо Тоти пред да одговори за делот во кој се зборува за конфликтот меѓу двајцата додека тој беше на чело на „волчицата“.
Односите на Тоти со Спалети доживеаја крах во претпоследната сезона на Тоти како фудбалер по несогласувањето по ремито со Аталанта во април 2016. Во автобиографијата, Тоти тврди дека Спалети се однесувал „кукавички“ кога се обидел да го истурка од клубот.
„Очекував да добијам вакво прашање, и ја сфаќам љубопитноста околу тоа дали има вистина во тоа што го напиша тој. Но, нема смисла да зборувам за тоа на прес-конференција. Ќе ја прочитам неговата книга смирено, бидејќи има доста страници. Играме секои три дена и немам многу слободно време“, вели Спалети, кој сега е тренер на тимот на Интер.
Фото: ЕПА