Селекторот на Македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го освои првиот тренерски трофеј во кариерата. Алкалоид во финалето на Купот го победи Пелистер на пенали со 25:23.
Алкалоид до историскиот триумф дојде по победите над нашите два најголеми клиба, во полуфиналето го победи Вардар 1961, а во финалето Еурофарм Пелистер.
„Пред почетокот на турнирот реков дека ние сме аутсајдери, но чувствував дека формата на екипата оди по нагорна линија. Играчите беа полни со самодоверба. Секој ја знаеше својата улога на теренот. Не сакам да се фалам, но не е мала работа да се победат Вардар и Пелистер, Натпреварите во купот секаде носат изненадувања. Мислам и дека заслуживме да дојдеме до овој успех кој ќе биде поттик за нас да работиме уште повеќе“, рече Лазаров