Top Sport

Направи чудо во Болоња, доаѓа во Јувентус

Тиаго Мота ќе биде тренер на Јувентус. Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марчи, договорот ќе биде потпишан на три години.

Пред неколку дена, по освојувањето на Купот на Италија, старата дама реши да го замени Масимилијано Алегри.

Кога беше објавена веста во италијанските медиуми Мота веднаш почна да се појавува како прв фаворит за клупата на Јувентус.

Мота ја започна својата тренерска кариера во 2018 година во младинскиот клуб на ПСЖ, а по една година ја презеде Џенова, каде доби отказ по само десет натпревари на клупата.

Потоа раководеше со Специја од 2021 до 2022 година, а од септември 2022 година е на клупата на Болоња. На 75 натпревари на клупата забележа 35 победи, 23 нерешени и 17 порази.

Scroll to Top