Фабио Канаваро повеќе не е тренер на Удинезе.Канаверо го презеде тимот од Удине на 22. април.
Канаваро успеа да го спаси Удинезе од испаѓање. Се очекуваше дека речиси сигурно ќе ја продолжат соработката, но нешто заглави во преговорите и Канаваро го напушти „Фриули“.
Покрај Удинезе, Канаваро во својата тренерска кариера ги предводеше Гвангжу, Ал Наср, Тијанџин, кинеската репрезентација и Беневенто.