Килијан Мбапе можеби има 19 години, но веќе има статус на фудбалска суперѕвезда, и секако, со тој статус, освен парите и славата одат и убавите девојки.
Но, ѕвездата на Пари Сен-Жермен успешно го крие својот приватен живот, иако француските медиуми тврдат дека во неговиот живот има само една љубов – Алиша Ајлис, инаку една година постара од него.
Ајлис доаѓа од Француска Гвајана во Јужна Америка, каде што студира право. Уште една ситница – таа е мис на Франција од 2017 година. Таа веќе беше на СП во Русија, каде што навиваше за својата репрезентација, а беше забележана и на неколку други натпревари на Мбапе за ПСЖ.