Францускиот селектор Дидие Дешам ги предупреди фановите на Пари Сен-Жермен дека квалитетите на нивниот тренер Томас Тухел може да не бидат доволни ПСЖ да стане шампион во Лигата на шампионите.
ПСЖ има пет од последните шест француски титули и уште сега има направено разлика по само осум меча во новата сезона во Лига 1, но Дешам, кој го крена трофејот со Франција на СП во Русија, вели дека домашната доминација не значи ништо во Европа.
„Тухел има фантастични социјални вештини, убава работна навика, висок авторитет и во исто време е близок до фудбалерите. Но, тој не е магионичар. ПСЖ игра во лига во која победува дури и со крената ’рачна’, а потоа се наоѓаат во Лигата на шампионите, каде квалитетот и агресијата се на поинакво ниво. Тој тим не е навикнат на тоа“, вели Дешам.