Сите судиски одлуки донесени со видео асистенција (ВАР) на Европското првенство во Германија, на навивачите на стадионот и пред ТВ екраните ќе им бидат објаснети во реално, најави шефот на судиската комисија при УЕФА, Роберто Розети.
За време на прес-конференцијата на која беше презентиран судискиот систем планиран за ЕУРО 2024, Розети навести дека ситуациите кои вклучуваат интервенција од ВАР собата ќе се емитуваат на стадионот.
„Откако ќе зврши видео проверката, техничкото образложение на одлуката ќе биде емитувано на големите екрани на стадионот“, изјави Розети и даде конкретен пример како тоа ќе изгледа.
„Пенал, игра со рака. Играчот број девет од Германија ја допре топката со левата рака, која беше во неприродна положба над неговото рамо“.
Истото соопштение ќе биде ставено на располагање на коментаторите на натпреварот за да можат да им објаснат на гледачите.
Розети изјави и дека само капитените на тимовите ќе смеат да разговараат со главниот судијата, а разговорот на кој било друг играч ќе биде санкциониран со жолт картон.
„Тоа го правиме за идните генерации. Не го правиме тоа за судиите, туку за фудбалот и имиџот на играта, за младите играчи и младите судии“, рече Розети.