Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска соопшти дека почнал да тренира по операцијата на коленото.
Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави видео од теретана каде се гледа како работи на зајакнување на коленото, со опис „напредок“.
View this post on Instagram
Српскиот тенисер поради повреда на коленото мораше да му го предаде четвртфиналниот меч на Ролан Гарос на Каспер Руд, а само ден подоцна замина на операција на менискусот на коленото во Париз.