Top Sport

Проблем за Франција, се повреди Мбапе

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе се повреди во финишот на натпреварот против Австрија. Најверојатно Мбапе го скрши носот.

Мбапе во обид да упати удар со глава, со носот го погоди Кевин Денс, по што тој остана да лежи.

Имаше многу крв, реагираше лекарскиот тим, но треба да се почека со прогнозите за тежината на повредата.

Мбапе потоа се врати на теренот, иако не му беше дозволено, па судијата Хесус Хил Манзано му покажа жолт картон.

Набрзо, држејќи се за носот, Мбапе ја напушти играта и му го отстапи местото на Оливие Жиру.

Инаку, Франција на крајот победи со резултат 1:0.

Scroll to Top