На натпреварот помеѓу Белгија и Словачка фудбалскиот аудиториум имаше можност да запозна со новата технологија.
Акцијата по која Лукаку постигна гол во 86.минута беше проверен со помош на новата ВАР опција. Во топката на „Адидас“ има детектор на допир кој е поврзан на далечина со уред кој го следи секој допир.
Податоците се печатат како линија, слично на ЕКГ, сите можат да ги видат на екранот.
Во моментот кога раката на Опенда има контакт со топката, линијата престанува да биде права. Оваа технологија е воведена токму за полесно да се проценат малите допири кои тешко се забележуваат со голо око.
A crucial goal at the Euro’s just got ruled out for this, a touch so faint they needed an odd ECG-like contraption to figure it out.
If this is gaining an “unfair advantage”, common sense is long gone. pic.twitter.com/qNi0t20e9D
— Neal 🇦🇺 (@NealGardner_) June 17, 2024