Му ветил на тренерот поради тоа првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, не го продал Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), во летниот преоден рок. Лотито тврди дека во финишот на преодниот рок добил непристојна понуда за СМС, не сакајќи да ги открие името на заинтересираниот клуб и сумата што била понудена.
Летово многу се шпекулираше околу иднината на СМС, се поврзуваше со Манчестер јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус, но тој остана во Лацио. Лотито не сакаше да го продаде својот најдобар играч за сума помала од 120 милиони евра.
„Му ветив на тренерот дека ова лето нема да го продадам Сергеј. Тоа го направив иако добив неристојна понуда во финишот на преодниот рок. Немавме време за да донесеме адекватна замена“, рекол Лотито и дополнил:
„Не можам да кажам за колкава сума се работи, но понудата беше непристојна и мислам дека ниту еден клуб во Италија не би можел да ја одбие. Јас ова не го работам поради парите, сакам предизвици, времето ќе покаже дали бев во право“.
СМС, оваа сезона има одиграно шест натпревари за Лацио, кој по седум кола во Серија А има 12 бода.