Понеделничкиот меч во Литванија меѓу ЈБА УСА тимот и Алитаус Џукија помина во знакот на големиот инцидент и тепачката која ја предизвика Ламело Бол, еден од „славните“ браќа Бол.
Бол влезе во конфликт со Миндаугас Сушинскас откако Литванецот го удри одзади го глава, по што доби директен удар. Двата тима потоа влегоа во пресметка а тука беше и братот Лианџело да помогне.
Помладите браќа Бол минатата сезона играа во Литванија, за што имаше многу критики од страна на литванските кошаркари и тие не изградија вистинска репутација. 17-годишниот Ламело се очекува да биде дел од драфтот на НБА во 2020 година.
LaMelo Ball doing his best Rick James impersonation with the Lithuanian Charlie Murphy. pic.twitter.com/JYos8uBLnI
— David Astramskas (@redapples) October 1, 2018