Top Sport

Шпанскиот стручњак Пабло Ласо повеќе не е тренер на кошаркарскиот тим на Баерн

Шпанскиот стручњак Пабло Ласо повеќе не е тренер на кошаркарскиот тим на Баерн, соопшти денеска германскиот шампион.

Како што се наведува, соработката со Ласо била договорно раскината, иако договорот важел и за следната сезона.

Се додава дека одлуката за заминување била на тренерот и истакнува дека тоа било поради семејни причини на шпанскиот стручњак.

Scroll to Top