Top Sport

Барселона им се заблагодари на Феликс, Кансело и Алонсо

Како што е објавено на сајтот на каталонскиот клуб, Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да играат за Барселона во следната сезона.  Што се однесува до Алонсо, неговиот договор официјално истече на последниот ден од јуни, а шпанските медиуми пренесуваат дека најверојатно тој ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Што се однесува до Кансел и Феликс, кои минатата сезона играа како позајмени за Атлетико и Манчестер Сити, клубот одлучи да не ги задржи. Барселона им се заблагодарува за посветеноста и им посакува се најдобро во иднина“, пишува на клупскиот сајт од стадионот „Камп Ноу“.

И тоа не е се, се очекува во наредните години да се знае судбината на некои други играчи, пред се Серхи Роберто.

 

Scroll to Top