Португалија со подобро изведување пенали ја победи Словенија со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на ЕП каде ќе игра против Франција.
Немаше голови во 120 минути игра. Португалија беше најблиску до гол во 105. минута кога Кристијано Роналдо шутираше пенал, но словенечкиот голман Јан Облак одлично одбрани. Роналдо се расплака, а камерите ја снимија во солзи и неговата мајка од трибините.
Роналдо потоа постигна гол за време на пеналите.
„Тага на почетокот, радост на крајот. Тоа е фудбалот, моменти кои се неописливи. Имав директна можност да го доведам тимот во водство, но не успеав. Јан направи одлична одбрана. Цела година не промашив пенал, но кога беше најважно не успеав. Мислам дека заслуживме да победиме бидејќи игравме со поголем авторитет. Словенија се бранеше речиси цел натпревар. Посебни честитки до нашиот голман кој одбрани три пенали“, изјави Роналдо по натпреварот.