Камерон Пејн, НБА ветеранот, заврши зад решетки на начин на кој ретко кој во историјата успеал да го направи. Особено кога станува збор за познати личности.
Кошаркарот бил врзан со лисици и одведен во затвор откако одбил да ѝ го даде на полицијата вистинското име, дури и откако сам ги повикал таму.
Оваа верзија на приказната ја промовира полицијата. Пејн повикал полиција во 2:44 часот по полноќ на 14 јуни кога се скарал со девојка во Аризона.
Но, кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот забележале дека нивната полемика била исклучиво вербална и дека страстите стивнале. Меѓутоа, кога излегле на теренот по повикот, морале да го пополнат записникот.
Во документите напишале се што им треба и останало само Пејн официјално да им го каже името и датумот на раѓање. Сепак, тука настанал проблемот поради кој кошаркарот на Филаделфија ја прекинал соработката.
Неколку минути се обидувале да му го „извлечат“ името, а тој цело време инсистирал дека се вика „Тери Џонсон“, објави ТМЗ.
Тие биле убедени дека лаже и инсистирале да го каже вистинското име, а кога му рекле дека ќе го уапсат затоа што не сакал да биде искрен, тој само одговорил: Во ред.
Полицајците сè уште се обидувале да го „звлечат“ името од него, а тој дури им го дал фво еден момент и неговото име – Камерон Пејн.
Потоа тој возврати.
„Не, тоа е моето лажно име, ве молам одете си одовде. Ако сакате да ме уапсите поради лажно име, добредојдени сте“, рекол Пејн, кој еден час подоцна се нашол зад решетки.
Сега против него има две одделни обвиненија – дека одбил да го каже своето име и дека лажно се претставувал во полициските извештаи.