Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска од 14 часот и 30 минути ќе го одигра натпреварот од второто коло на Вимблдон против Британецот Џејкоб Фернли, соопштија организаторите на натпреварувањето.
Ѓоковиќ и Фернли денеска отвораат на Централниот терен, а со оглед на тоа што има покрив, натпреварот ќе започне без разлика дали ќе врне во Лондон.
Во вторникот и средата дождот им направи големи проблеми на организаторите, но и на тенисерите, бидејќи многумина мораа да одиграат еден меч во два дена.