Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако за два часа и пет минути го совлада Данецот Холгер Руне со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2).
Ѓоковиќ одлично го отвори мечот, поведе со 3:0 уште на стартот, а тој еден брејк му беше доволен да поведе со 1:0 во сетовите.
Во вториот сет Ѓоковиќ направи брејк при резултат 3:3, а при водство од 5:3 не искористи ниту шест сет топки на сервис на Руне.