Top Sport

Мурињо: Очекував повеќе од португалските фудбалери на ЕП

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изјави дека е разочаран од игрите на португалската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија.

Португалија забележа две победи и еден пораз во групната фаза на ЕП, а потоа во осминафиналето по подоброто изведување пенали ја совлада Словенија.

Фудбалската репрезентација на Португалија потоа беше елиминирана од Франција во четвртфиналето на Европското првенство по изведување пенали.

Scroll to Top