Драган Стојковиќ Пикси останува селектор на српската фудбалска репрезентација, пренесува „Моцартспорт“.
Пикси ќе ја добие поддршката од извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе ги предводи „орлите“ во Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Се чинеше дека по неуспехот на ЕП, ФСС ќе му врачи отказ на Стојковиќ, но во меѓувреме ситуацијата се сврте во негова корист.