Top Sport

Автомобилистот Ралф Шумахер објави дека е геј

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, помлад брат на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, објави дека е во истополова врска.

Ралф долги години беше во Формула 1 како возач, но беше во брак и со сопругата Кора до 2015 година.

Кора подоцна тргна по друг пат, се фотографираше за Плејбој, отвори профил на OnlyFans и го има синот Дејвид со Шумахер.

„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе го имаш вистинскиот партнер, со кој можеш да споделиш се“, напиша Германецот под фотографијата на Инстаграм.

На фотографијата се прикажани Ралф Шумахер и уште еден маж како се гушкаат додека гледаат зајдисонце над океанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralf Schumacher (@ralfschumacher_rsc)

Единствениот друг познат геј возач во историјата на Формула 1 е покојниот Британец Мајк Бојтлер, кој се тркаше од 1971 до 1973 година. Почина во 1988 година.

Ралф Шумахер (49) победи на шест трки во неговата 11-годишна кариера во Формула 1, која ја заврши во 2007 година. Тој претходно беше во брак со Кора, со која го има синот Давид (22).

„Многу ми е мило што конечно најде некој со кој навистина се чувствуваш удобно и безбедно. Јас сум 100 отсто зад тебе тато и ти посакувам се најдобро и честитки“, напиша Давид Шумахер на Инстаграм.

Scroll to Top