Иако сега е далеку од европската елита и од очите на фановите, легендарниот Чави уште активно игра фудбал, и ако се верува на статистиката му оди доста добро.
Неговиот катарски клуб Ал-Сад во вторникот загуби во првиот меч од полуфиналето од Азискиот куп од иранскиот Персеполис, меч во кој Чави го прослави својот 100. меч за клубот.
Во овие 100 настапи, поранешната мега-ѕвезда на Барселона има импресивни 65 асистенции и 22 гола, иако додека играше за Блауграна не беше познат како опасен стрелец.
Се очекува на крајот на сезоната, Чави да се повлече од фудбалот и да се посвети на тренерската кариера.
Фото: ЕПА