Напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне е во врска со Мис Милано за 2017 година, Франческа Валенти, која признава дека поголемиот дел од нејзиното семејство навива за Јувентус, а не за „росонерите“.
Двајцата имаат по 20 години, но веќе се свршени, и студентката по економија во интервју за магазинот „Соно“ открива дека полека и таа се заинтересирала за фудбалот, а посебно горда била на мечот против Рома, кога Кутроне по 90-тата минута даде гол за победа.
„Тој е толку храбар. Покрај него, фудбалот и за мене стана страст. Претходно не се интересирав многу, како мојата мајка, иако татко ми и брат ми се фанови на Јувентус, но не се фанатици. Немам предрасуди и кон другите клубови. Двајцата имаме малку слободно време – тој е постојано на тренинг, а јас на факултет, така што секој момент е важен“, вели Валенти.