Српскиот тенисер, Јанко Типсаревиќ, кој во последните години има тешки маки со повредите и паузираше година дена, најави дека наскоро ќе направи одлука за неговата иднина.
Последниот меч на „моторџијата“ Тиспаревиќ беше на САД опен минатата година, кога загуби од Диего Шварцман во второто коло.
„Во следните неколку месеци ќе донесам одлука за мојата професионална иднина. Иако не играв долго време, тренинзите во последно време беа забавни“, напиша Тиспаревиќ на Инстаграм.
Типсаревиќ во моментов не е на АТП листата, но има „заштитен ренкинг“, кој ќе му овозможи да се врати на големите турнири по повредата. Тој неодамна отвори тениска академија со тренерот Дик Хордорф.
Фото: ЕПА