Top Sport

Лоренцо заврши в болница по тешкиот пад (Видео)

Инцидентот, во кој главен актер беше Хорхе Лоренцо, го обележа вториот тренинг во пресрет на трката во „кралската класа“ за Големата награда на Тајланд. Најбрз на вториот тренинг беше клупскиот колега на Лоренцо од Дукати, Андреа Довициозо.

На 16 минути до крајот на тренингот, Лоренцо, во третиот свиок Шпанецот изгуби контрола врз моторот и излетал од патеката. Дукатито на Лоренцо буквално се распадна на неколку делови, а возачот на носилки е префрлен в болница.

Најдобро време, 1:31.090 минути, на вториот тренинг имаше Довициозо, откако првиот тренинг им припадна на Маверик Вињалес и Валентино Роси од Јамаха. Вињалес беше втор зад Довициозо, на вториот тренинг (1:31.121), а како трет заврши Кал Крачлоу (1:31.164) на ЛЦР Хонда.

Третиот тренинг на програмата е в сабота од 4 часот наутро, а четвртиот ќе се вози од 8:30 часот. Квалификациите се в сабота од 9:10 часот.

Трката за Голамата награда на Тајланд ќе се вози в недела со почеток во 9 часот.

Scroll to Top