Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе барал информации од Франција во врска со инцидентите што во средата се случија во Париз, по завршувањето на натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.
Навивачите на Црвена ѕвезда биле нападнати по завршувањето на натпреварот во близина на стадионот „Парк на принцовите“.
„Тоа се бандити на кои тешко им падна што на нивниот стадион никој не ги забележа, иако имаа убедлив резултат. Не можеа да бидат погласни од гостинските навивачи, на кои не им беше дозволено присуство на стадионот, поради што решија со стапови да го искажат својот бес“, рекол српскиот претседател.
„Ние бараме, да ни ги испратат имињата на хулиганите кои ги нападнаа навивачите на Црвена ѕвезда, па да видиме на каков начин ќе бидат казнети тие криминалци“, рекол Вучиќ.