Top Sport

Мекгрегор ќе го остави едногодишниот син до кафезот во сабота?

Конор Мекгрегор признава дека уште размислува дали да му дозволи на својот едногодишен син со исто име (Конор Јуниор) да биде во првиот ред за неговиот кам-бек во УФЦ против шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов утревечер во Лас Вегас.

Конор Јуниор беше атракција на отворените тренинзи оваа недела пред УФЦ 229 во Лас Вегас, а Мекгрегор, кој вели дека е „освежен“ по доаѓањето на светот на неговото прво дете минатиот мај, дури сака да го остави покрај кафезот во можеби помалку трауматичен чин за малото дете.

„Го донесов мојот син и возбуден сум поради тоа. Уште не сум одлучил дали да биде покрај кафезот, ќе размислиме за тоа. Мојот син ќе биде шампион што и да прави. Цел ден само удира со раце и нозе. Вели ’брум, брум’, така што можеби ќе биде и тркач на автомобили. Тука сум поради љубовта кон тоа што го правам. Имам тим зад мене и подготвен сум за секој предизвик“, објасни Мекгрегор.

Scroll to Top