Големата победа во минатото коло над Реал Мадрид, фудбалерите на Џирона ја материјализираа со триумфот 1:2 на гостувањето во Валенсија кај Леванте.
Џирона во 11 рунда ја запиша втората последовна, односно четвртата победа во Ла Лига. Од друга страна Леванте по одличниот старт и добрите игри во првите пет кола, во наредните шест не знае за победа. По поразите од Бетис и Алавес, Леванте одигра нерешено со Еспањол, Хетафе и Еибар, а во неделата не успеа да освои ниту бод против Џирона.
Серијата од шест меча на кои Леванте освои само три бода го уклучија алармот во клубот.
Џирона до триумфот стигна со головите постигнати во второто полувреме преку Борја Гарсија во 58 и Кристијан Стуани во 80 минута. Почесниот гол за Леванте го постигна Унал во 92 минута.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди за Леванте настапи до 69 минута кога беше повлечен од игра, а на неговото место влезе Боатенг.
Леванте во наредното коло на 19 ноември ќе му гостува на Лас Палмас.