Во 10.коло од српскиот шампионат, Војводина ремизираше 3:3 против Раднички од Ниш во Нови Сад.
Домашните поведоа во 52. минута, но тимот од Ниш брзо направи пресврт и тоа на бизарен и ретко виден начин во интервал од само три минути.
Најпрвин израмни Раднички во 57. минута, а потоа во 60. минута Вања Илиќ реализираше од пенал.
На пеналот му претходеше неверојатната грешка на стоперот на Војводина, Сеид Кориќ, репрезентативец на Луксембург кој има и српско државјанство. Имено, голманот на Војводина при еден гол-аут му ја додаде топката на Кораќ, кој сметаше дека топката се уште не е во игра. ја фати со раце за да ја намести, а судијата беше принуден да покаже на пенал.
До крајот на натпреварот Војводина направи пресврт и поведе со 3:2, но Раднички со гол во 95.минута извлече бод.