Барселона го декласира Монпелје 35:27 (18:13) во четвртото коло, во А-групата, во Лигата на шампионите. Барселона го забележа третиот триумф во четвртиот меч, додека Монпелје се уште е без победа.
Европскиот првак немаше шанси против напаѓачки моќниот тим на Барселона и голманот Де Варгас кој со 16 интервенции беше прво име на мечот.
Нецели 15 минути и беа потребни на Барселона за да го трасира патот кон победата. Барселона по осум минути имаше предност 7:3, две минути подоцна беше 10:5, а во 13.минута на семафорот стоеше 12:6.
По серијата одбрани на голманот на Монпелје, Портнер, гостите се доближија на 13:10, но тоа беше се што направија до крајот на дуелот.
Барселона повторно се одлепи на пет гола и со таа предност се замина на полувреме (18:13).
Во вториот дел Барселона рутински ја одржуваше предноста, а во финишот на мечот таа изнесуваше девет гола (33:24).
Покрај голманот Де Варгас, кај Барселона во напаѓачкиот дел се истакнаа Моретенсен со седум и Фабрегас со шест гола. На спротивната страна Вилемон постигна шест, а Кавтичник пет гола.