Попладневните натпревари во Премиер лигата ги обележа евроголот на играчот на Евертон Сигурдсон. Исланѓанецот погоди на гостувањето кај Лестер за триумф 2:1. За обележување е и високата победа на Борнмут кај Вотфорд 4:0.
Евертон славеше кај Лестер со 2:1 со головите на Ришарлисон во седмата и Сигурдсон во 77.минута. Домаќинот во финишот на првиот дел успеа да израмни со голот на Переира. Португалецот погоди по извонредна соло акција.
Лестер во вториот дел играше со играч помалку откако поради два жолти картони беше исклучен капитенот Вес Морган. За Морган ова е втор црвен картон од почетокот на сезоната.
Резултати:
Барнили-Хадерсфилд 1:1
Тотенхем-Кардиф 1:0
Кристал Палас-Вулверхемптон 0:1
Лестер-Евертон 1:2
Вотфорд-Бортнмут 0:4