Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister
Еурофарм Пелистер синоќа во Битола стави крај на серијата од 17 порази во Лигата на шампионите.
Ракометарите на македонскиот шампион успеаја да останат непоразени во дуелот со Спортинг, тим кој во Битола допатува со три победи во исто толку натпревари.
Неверојатен финиш имаше овој дуел. Откако играчите на Пелистер речиси 13 минути не постигнаа гол, Спортинг дојде до 21:24 на 75 секунди до крајот.
Секоја чест за Пелистерци кои не се предадоа, најпрвин Радивојеиќ постигна гол, потоа Борзаш намали на 23:24, а откако играчите на Спортинг направија пробивање на 20 секунди до крајот, Атанасијевиќ постигна гол за 24:24.