Јелена Ѓоковиќ не сакаше да зборува за шпекулациите дека нејзиниот сопруг, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ја изневерувал пред две години, и наместо тоа зборуваше за својата „хармонична“ врска со тенисерот.
Во интервју за српскиот „Стори“, Јелена коментираше за својот брак, и за врската со едногодишниата ќерка Тара и четиригодишниот син Стефан.
„Имаме навистина добра врска. Јас сум силна жена бидејќи имам сопруг кој апсолутно ме почитува поради тоа што сум. Ние сме цврсти во тоа што веруваме. Секако, правиме грешки со нашите деца, но секој ден се обидуваме да бидеме најдобрата верзија на тоа што сме“, вели Јелена Ѓоковиќ.
И тенисерот зборуваше за својата сопруга и поддршката која ја добива.
„Јелена на многу начини ми помага во тешки времиња за да најдам сила, но како и секогаш работите се такви какви што ги перцепирате. Сфатив дека ако гледам навнатре, наместо нанадвор, станувам подобар човек. Ми беше потребно време да го сфатам тоа. Секој родител е заштитнички кон своите деца, бидејќи секогаш се плашите дека некој сака да ги повреди. Јелена и јас се обидуваме да не размислуваме за такви работи и да се фокусираме на позитивната страна на животот“, објаснува Новак.