Top Sport

Мурињо сака да работи во клуб кој се бори за опстанок во Премиер лигата

Фенербахче и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во Истанбул, во третото коло во Лига Европа. Натпреварот мина во знакот на Жозе Мурињо, екс тренерот на Јунајтед, а актуелен на Фенербахче доби црвен картон од судијата Клемон Турпан.

Темпераментниот Португалец по завршувањето на натпреварот, на прес конференцијата имаше интересни коментари.

„Нема да зборувам за судењето за да не добијам уште една суспензија. Судијата Клемен Турпин ми кажа дека сум исклучен бидејќи со аголот на окото ја виделе мојата реакција на клупата. Тој беше во шеснаесетникот на другиот крај од теренот, со едно око гледал што се случува на теренот, а со другото око ја водел мојата реакција. Му честитам за тоа, претпоставувам дека е еден од најдобрите во светот“, рече Португалецот.

Потоа Мурињо рече дека во иднина треба да работи во клуб кој не игра на меѓународна сцена и дека тоа би можело да биде тим од Англија.

„Мислам дека дојдов до ситуација повеќе да не работам во клуб кој се натпреварува под капата на УЕФА. Ако некој клуб од дното на англиската Премиер лига сака да го смени тренерот во следните две години ја сум достапен“, изјави Мурињо.

Scroll to Top