Top Sport

Винисиус во Ел Класико: Ни дадовте четири гола, но јас во понеделник сум Златна топка

Винисиус Жуниор и покрај прогнозите не ја освои Златната топка. Лауреат за играч на сезоната му припадна на фудбалерот на Манчестер сити.

Реал, кога дознаа дека Бразилецот нема да ја добие наградата реши да ја бојкотира наградата, а Винисус лут порача дека наредните 10 години ќе биде Златна топка.

Инаку, Винисиус, ноќ пред свечената церемонија ограниизрал забава, на соиграчите им ветил дека ќе ги чести со Ролекс, а имал и резервиран хотел во Париз каде по доделувањето на наградата требало да направи забава за около 100 луѓе.

Дека Бразилецот бил сигурен дека тој ќе ја добие Златната топка покажува и снимката од саботата, кога во дербито Барселона во Мадрид го декласира Реал со 4:0.

Во финишот на натпреварот во расправија влегоа Винисиус и Гави, младиот играч на Барселона со прстите му покажа на Винисисус дека резултатот е 4:0, а Бразилецот му одговори: „Да, но јас сум во понеделник сум Златнат топка“.

Scroll to Top