Top Sport

(Видео) Тренерот на Триестина нападна свој играч поради црвен картон

Испадот на тренерот на Триестина, Пеп Клотет е тема на денот на италијанските медиуми. Клотет не можеше да се водржи откако неговиот игра, Рејмондс Кролис доби црвен картон.

Се играше 34. минута од дуелот со Џана Ерманија кога Кролис доби црвен картон, се упати кон соблекувалната, а минувајќи покрај клупата за резерви го пречека неговиот тренер.

Каталонецот го фати играчот за дресот и добро го протресе пред да доволи инцидентот да ескалира.

Инаку, Триестина во натпреварот во Серија Ц, одолеваше со играч помалку до 87. минута, кога гостите успеаја да постигнат гол и да победат.

Тренерот Клотет по натпреварот не покажа дека е загрижен за инцидентото што го предизвика туку порача дека „додека е тој тренер Кролис нема да игра за Триестина“.

Scroll to Top