Крилниот напаѓач на Челзи, Еден Хазард, изјавил дека се уште му е “сон“ да игра за Реал Мадрид и дека сака тоа да се случи, но додавајќи дека сепак не сака да замине од Челзи “под неразјаснети околности“, пренесува ESPN.
Челзи очајни сака да го да го задржи 27-годишниот Белгиец, кој го постигна својот седми гол во осум натпревари од Премиер лигата во победата од 3:0 во Саутемптон во неделата. Белгиецот се наоѓа во последната година од договорот со Челзи.
Тој исто така додал дека ќе биде среќен доколку одлучи да остане во Челзи, но нагласил дека има неговата животна амбиција е да игра заигра за Мадрид.
“Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот. Не сакам да лажам, тоа е мојот сон уште како дете. Но ќе видиме, не сакам да зборувам за ова секој ден. Сега немам време, но наскоро ќе разговараме за мојата иднина. Понекогаш се будам наутро и мислам дека сакам да одам, но понекогаш мислам дека сакам да останам, а тоа е тешка одлука, бидејќи тоа е мојата иднина – имам 27 години и во јануари ќе наполнал 28.“, рекол Азар.
“Но, тоа е исто така мој сон и некогаш сакате да го остварите сонот Како што реков многу пати: доколку одам јас ќе бидам среќен, а знам дека и доколку останам ќе бидам среќен.“ додал Белгиецот.