Top Sport

Доаѓа Кадилак: Формула 1 ќе има 11 тима од 2026 година

Формула 1 во понеделникот објави дека планира да го зголеми бројот на тимови за сезоната 2026, така што тимот од Америка, кој е партнер со Џенерал Моторс, ќе добие место во караванот на најбрзите четири тркала.

Најавата стави крај на долгогодишниот спор што доведе до истрага од страна на американските власти, откако сопствениците на комерцијалните права на Формула 1, Либерти Медиа, одбија да дозволат учество во натпреварот на тимот основан во тоа време од Мајкл Андрети.

Андрети се повлече од организацијата во септември, а се повлече и името на тимот кој сега и официјално ќе се вика Cadillac F1 Team и ќе го предводат мнозинските сопственици на Андрети Моторс, Ден Товрис и Марк Волтер. Улогата на амбасадор на тимот ќе ја има светскиот шампион од 1978 година Марио Андрети, а неговиот син Мајкл нема да има официјална функција во тимот.

Тимот ќе го користи моторот на Ферари во првите две години, додека се планира соработката со Џенерал Моторс да биде официјализирана од сезоната 2028 година.

Scroll to Top