Еден Азар признал дека не е сигурен дали ќе потпише нов договор со Челси и повторил дека неговиот сон е да го облече дресот на Реал.
Актуелниот договор го врзува Белгиецот за Челси во наредните две години, меѓутоа можно е тој наредното лето да се пресели во Мадрид.
„Не сакам да кажам дека ќе потпишам нов договор, а потоа тоа да не се случи. Сакам она што е добро за мене да биде добро и за клубот кој му пружи се. Ќе видиме. Понекогаш кога ќе се разбудам имам желба да заминам. Некогаш се будам со мислата дека е најдобро да останам. Тешко е, сепак станува збор за мојата иднина“, рекол Азар и дополнил.
„Реал е најголемиот клуб во светот. Нема да ве лажам, како дете сонував да играм таму. Но, ќе видиме. Не сакам секојдневно да говорам на таа тема . Наскоро многу работи ќе бидат јасни“, истакнал Белгиецот кој сезонава игра во голема форма, откако во тимот пристигна новиот тренер.
Азар по осум кола, со седум гола е најдобар стрелец во Премиер лигата.