Францускиот тенисер, Албано Оливети, во квалификациите на челинџерот во Ортизети, постави нов тениски рекорд.
Оливети во мечот против Марк Цибер успеал 11 пати по ред да освои поени со почетниот удар. Единаесет ас сервиси во низа е нив рекорд, а на вечната листа Оливети ги мина Американците Сем Квери и Џејмс Блејк. Овие двајца во 2007 година успеале да забележат 10 ас сервиси во низа.
Оливети успал да слави над Цибер со 2:1 (4:6, 7:6, 6:4). Импресивен е податокот дека освоил 50 од 53. поени по првиот сервис.
Французинот во моментов се наоѓа на 410. место на АТП листата, а најдобар пласман му е 103. место во февруари 2017 година.