Top Sport

Руските фудбалери Мамаев и Кокорин уапсени за бруталниот напад (видео)

Руските фудбалери, Александер Кокорин и Павел Мамаев се уапсени откако нападнале еден човек во едно кафе во Москва, по што нападнале и уште еден возач во друг инцидент.

Руските медиуми објавија дека двајцата фудбалери, кои претходно играа за руската репрезентација се уапсени во вторникот, откако го нападнале Денис Пак, вработен во Министерството за трговија, кој се пожалил за однесувањето на двајцата фудбалери и нивните пријатели.

Видеото кое е објавено на социјалните мрежи, напаѓачот на Зенит, Кокорин и играчот на средниот ред на Краснодар, Мамаев го напаѓаат Пак. Претходно тој ден, тие нападнале еден возач во руската престолнина.

27-годишниот Кокин (Зенит) има 48 настапи за репрезентацијата, додека 30-годишниот Мамаев (Краснодар) имаше 15 настапи за „зборнаја“. На двајцата сега им се заканува отказ од клубовите.

 

View this post on Instagram

 

Кокорин и Мамаев бьют чиновника в кофейне в центре Москвы

A post shared by Никита Камышев (@nikita878787) on

Scroll to Top