Новиот ММА-крал, Хабиб Нурмагомедов можеби доживеа да биде светски славен, но за едно нешто не е како другите спортски ѕвезди – никој не знае како изгледа неговата сопруга.
Дагестанецот реши да не ја покажува сопругата, со која има и ќеркичка, на надворешниот свет и таа постојано престојува во нивната семејна куќа во Махачкала, престолнината на Дагестан, најјужната точка на Русија. Дамата, чие име не се знае, живее во иста куќа со родителите на Нурмагомедов.
Фотографиите кои се појавија од нивната свадба не откриваат ништо, бидејќи невестата е во бело. Нурмагомедов стриктно ја почитува својата муслиманска религија, а хаосот кој се случи по победата над Конор Мекгрегор наводно била предизвикана од извикот „муслимански стаорец“ на еден од тимот на Мекгрегор. Единствена информација за неговата сопруга е дека таа е по потекло од Дагестан.
„По времето за подготовките мора да имам посебен режим. Сопругата треба да седи дома и да се моли за мене“, изјави Нурмагомедов.
Фотографијата за која англиските медиуми тврдат дека е неговата сопруга не е вистинита – се работи за фотографија со познатата руска водителка, Олга Бузова.