Металург на домашен терен пропушти шанса да ја запише третата победа во Лигата на шампионите откако дозволи последнопласираниот руски тим Чеховски медведи да стигне до 26:29 победа за прв триумф во ЛШ оваа сезона.
Македонскиот вице-шампион беше на „лева нога“ од стартот на мечот во арената „Борис Трајковски“, дозволувајќи гостинот да води во текот на целиот меч и да има дури пет позитива по полувремето (12:17).
Со овој пораз, тимот на Александар Јовиќ останува на третото место во групата Д со 2 победи, 1 реми и 3 порази, зад Монпелје, кој вчера минимално го победи Спортинг (33:32) и украинскиот Мотор Запорожје, кој со 28:22 во саботата беше подобар од тимот на македонските репрезентативци Филип Лазаров и Немања Прибак, Бешикташ со 28:22.
Томовски на голот на Металург имаше 11 одбрани, додека во Анѓелиќ постигна 5 гола, а Пешевски уфрли 4.
Во следното коло, Металург повторно е домаќин и го пречекува во Скопје, лидерот Монпелје, кој нема пораз по шест кола.