Top Sport

Мурињо заинтересиран за репрезентативецот на Србија

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, наводно утре ќе биде на стадионот во Подгорица, каде ќе го следи дуелот во Лигата на Нации помеѓу Црна Гора и Србија.

Медиумите најавуваат дека Мурињо во главниот град на Црна Гора ќе пристигне во друштво на својот играч Немања Матиќ, кој поради повреда нема да игра за Србија.

Се шпекулира дека Португалецот на самиот натпревар ќе се фокусира на еден играч, младиот дефанзивец на Србија, Никола Миленковиќ.

Мурињо е незадоволен од она што го прикажуваат неговите дефанзивци, поради што ќе се обиде да ја засили одбраната во јануарскиот преоден рок.

Миленковиќ има 20 години, играше за Србија на Светското првенство, а од почетокот на сезоната ги одиграл сите натпревари за Фиорентина.

Интерес за овој играч покажува и Атлетико Мадрид, а Фиорентина летово одби понуда од 30 милиони евра. Се шпекулира дека екипата од Фиренца за овој играч кој може да игра во централниот дел во одбраната и на десната бековска позиција бара 50 милиони евра.

Миленковиќ, во преодниот рок во 2017 година, за пет милиони евра од Партизан замина во Фиорентина.

Исто така, некои медиуми пишуваат дека Мурињо ќе сака да се увери и во квалитетите на фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Scroll to Top