Инцидент по истекот на првото полувреме го обележа натпреварот меѓу Хрватска и Словенија на Светското првенство во ракомет.
Словенците играа за чест, а на Хрватите им одговареше само победа за да изборат место во четвртфиналето. Првиот дел заврши 15:15, откако Словенците го отворија меќот со пет гола во првите осум минути.
Според информациите од местото на настанот, на некои хрватски ракометари им пречело тоа што Словенците играле максимално сериозно и професионално.
Се започна кога Срна го шутна Зарабец, по што дојде до туркање меѓу играчите на двата тима.
Во мешаницата и Дувњак кој упати низа непријатни пцовки кон словенечките ракометари, пред се кон Блаж Јанац.
Видеото од инцидентот играчите на двата тима можете да погледнете овде. За среќа, ситуацијата не ескалира.