Top Sport

(Видео) Сити прими гол од половина терен, губи на полувреме од Лејтон Оријент

Лејтон Ориент, води по првиот дел против Манчестер сити, во натпреварот од четвртото коло во ФА купот..

Третолигашот од источен Лондон, во 16.минута ги шокира „граѓаните“ со спектакуларен гол.

Џејми Донли, кој штотуку наполни 20 години, му ја украде топката на Нико Гонзалес (прашање е дали имаше фаул), кој дебитираше за Сити, а потоа стрелаше од речиси половина терен, ја погоди гредата, но неговиот удар се одби од ногата на Стефано Ортега и заврши во мрежата.

Само пет минути подоцна теренот поради повреда мораше да го напушти Нико Гонзалес.

Шпанецот пред неколку дена пристигна во Манчестер сити од Порто за сума од 60 милиони евра.

Scroll to Top