Top Sport

Американски атлетичар собори светски рекорд стар 21 година

Американецот Грант Фишер го собори светскиот рекорд на 5.000 метри во сала, на универзитетот Дејвид Хемери Валентин во Бостон, само една недела откако го постави рекордот на 3.000 метри, исто така, во сала.

Фишер во целта влезе со резултат од 12:44,09 минути и го собори рекордот од 12:49,60, поставен од Кенениса Бекеле од Етиопија во 2004 година.

Фишер, кој освои бронза на Олимпијадата во Париз на 5.000 и 10.000 метри, го собори светскиот рекорд во сала на 3.000 метри на Игрите Милроуз во Њујорк минатата сабота.

Второто место му припадна на Џими Гресие со време од 12:54.92 минути. Тој го собори европскиот рекорд на Шпанецот Алберто Гарсија

Scroll to Top