Шкендија го доби дербито со Силекс (4:2) и се оддалечи од најблискиот конкурент во борбата за титулата на три бода. Втор на табелата сега е Работнички по победата над Воска спорт и ремито на Гостивар прптив Беса.
Дербито на колото все одигра во Тетово, Шкендија го победи Силекс со 4:2. Гостите од Кратово го отворија натпреварот со голот на Алиќ во петтата минута. Шкендија одговори со три гола. Пет минути подоцна изедначи Крстевски, а во вториот дел Рамадани во 63.минута го комплетираше пресвртот.
Ветеранот Ибраими во 77.минута обезбеди два гола предност за Шкендија, пет минути подоцна Рајков го намали резултатот, а точка на натпреварот стави Љатифи во 86.минута.
Резултати, 20.коло:
Работнички–Воска спорт 1:0
/Рушевиќ 56′/
Беса–Гостивар 0:0
Тиквеш–Пелистер 1:2
/Миловановиќ 64′ – Трајкоски 84′, Ристевски 88′/
АП Брера-Шкупи 1:2
/Георгиевски 82′ – Аворнијо 31′, Имери 67′/
Табела: