Top Sport

Бразил се „загреа“ за Аргентина со победа над Саудиска Арабија (видео)

Бразил не „блесна“, но успеа да стигне до 2:0 победа на пријателскиот меч со Саудиска Арабија, кој служеше како подготовка за уште еден, овојпат многу поважен меч, пријателскиот дуел со вечниот дуел Аргентина следната недела.

На селекцијата на Тите им беа потребни 43. минути да ја пробијат одбраната на Саудијците, кога Нејмар упати одлична топка за Габриел Жесус, кој сигурно реализираше.

Домаќините останаа со играч помалку во 85. минута по директниот црвен картон за голманот Ал Оваис, а конечните 2:0 ги постави Алекс Сандро во 97. минута по корнерот на Нејмар.

Scroll to Top